[ВИДЕО] „Никогаш не би останал во таа куќа“: Брачен пар пронашол дупка во подот на кујната – кога виделе што има под неа, останале без зборови

Точка

21/08/2026

10:30

2.320

Големина на фонт

а а а

Кога луѓето се вселуваат во нов дом, обично очекуваат мали изненадувања – скриен шкаф, стар тапет или необичен распоред на просториите. Меѓутоа, еден пар од Велика Британија открил нешто што целосно ги оставило без зборови.

Ема Харисон (28) и Рис Стејнер (27) останале запрепастени кога за време на вселувањето во својата куќа во областа Малверн Хилс откриле – таен бунар длабок повеќе од шест метри, совршено скриен под подот во кујната.

Бунар скриен под плочките во кујната

Кога ги добиле клучевите од домот, парот забележал дека една подна плоча се однесува поинаку од останатите. Кога ја подигнале, под неа се наоѓал дискретно камуфлиран отвор.

Се утврдило дека под кујнскиот под се наоѓа бунар длабок околу 20 стапки (повеќе од шест метри), кој бил целосно невидлив и покриен со подна облога. Ема и Рис процениле дека бунарот бил изграден во 1897 година, заедно со куќата, што значи дека е стар дури 126 години.


„Ова е неверојатно откритие“

Парот го споделил своето откритие на ТикТок, каде што снимката за кратко време станала вирална, собирајќи повеќе од 5,3 милиони прегледи и над 232.000 лајкови, но и мноштво коментари – од воодушевени до преплашени.

„Ги обожаваме старите, историски куќи и ова е навистина неверојатно откритие“, воодушевено рекла Ема и објаснила дека претходните сопственици не го изложиле бунарот, туку го скриле:


„За жал, претходните сопственици го затвориле и не бил видлив, но можете да ја подигнете подната даска. Претпоставуваме, врз основа на истражувањата, дека бунарот бил изграден во исто време кога и куќата, за да служи како извор на вода. Куќата е изградена во 1897 година“.

Ја мереле длабочината – со шолја и јаже

На снимката која ги обиколи социјалните мрежи се гледа како Рис ја подигнува подната даска и открива мал отвор со бравичка. Кога го отвориле, под него се појавил мрачен бунар, чија длабочина ја измериле на прилично досетлив начин – со шолја врзана за јаже.


Планираат бунарот да го претворат во атракција на куќата

Иако глетката многумина ги заледила од страв, Ема и Рис имаат големи планови. Тие сакаат бунарот да стане централниот детаљ на нивната нова кујна.

„Се надеваме дека ќе поставиме светла долж целиот бунар, за да може да се види до самото дно, како и стаклен капак по кој може да се оди“, рекла Ема и додала дека самите ќе ги изведуваат работите: „Тоа ќе биде одличен детаљ во новата кујна. Сè ќе работиме сами, но очекуваме реновирањето да трае неколку години“.


Интернетот во паника: „Затворете го засекогаш!“

Додека парот е воодушевен, реакциите на социјалните мрежи биле – драматични.

„Твојот сопруг е навистина храбар што стои над дупка длабока шест метри, и тоа во чорапи“, „Не, не и не. Никогаш не би останал во таа куќа по ова“, „По сите хорор-филмови што сум ги гледал, препорачувам да го затворите засекогаш“, „Како се справувате со духовите и демоните? Дали ставате катанец или користите спреј?“, „Замислете колку луѓе можеле да исчезнат таму“, „Не би можел. Би бил преплашен да не ми излезат стаорци“, биле дел од коментарите на мрежите.