Ѓокереш побара дозвола да изведе слободен удар, па стана вирален хит поради лошиот обид

Дерби

10/08/2026

15:11

1.090

Големина на фонт

а а а

Виктор Ѓокереш пристигна во Арсенал со цел да ја поправи ефикасноста во завршната третина од теренот, па иако тимот освои титула која долго ја чекаше во неговата прва сезона како „топчија“, реалноста е дека јавноста имаше многу поголеми очекувања од Швеѓанецот.

Ѓокереш ќе мора да им се докажува на Англичаните и во сезоанта во која Арсенал ќе ја брани титулата во Премиер лигата, но пред да дојде до официјален старт на шампионатот, сеирџиите почнаа да се потсмеваат со потези на напаѓачот од пресезонските подготовки.

Арсенал загуби вторпат во низа и вчера на домашен терен претрпе пораз од Борусија Дортмунд со 2:3, а на оваа средба, Ѓокереш имаше и едно барање од соиграчите.

Напаѓачот побара дозвола да изведе слободен удар од опасна позиција, но ако се суди според крајниот резултат, сигурно нема многу брзо да добие таква можност.

Ѓокереш биеше крајно непрецизно, а видеото служи за потсмев меѓу фановите кои редовно му фаќаат сеир на социјалните мрежи.