Елитниот бразилски фудбал понуди најбизарна промоција: Тргна да ја бакне својата девојка, но „доби корпа“

Дерби

10/08/2026

14:37

387

Големина на фонт

а а а

Фудбалските возбудувања во Бразил се во полна пареа и вчера видовме момент кој уште еднаш ни долови какво лудило може да видиме на стадионите во Јужна Америка, но веќе денеска пристигнува ново видео кое стана вирален хит, а истото носи урнебесна содржина.

Станува збор за најновото засилување на Крузеиро, кое на официјалната презентација имаше момент по кој сигурно сакаше да „пропадне во земја“.

Лусијано Родригез беше претставен како големо засилување за вториот дел од сезоната од страна на Крузеиро, но првата средба со новинарите како нов член на „лисиците“ не мина како што очекуваше.

Во моментите кога гордо позираше како нов фудбалер на Крузеиро, друштво дојде да му направи и неговата девојка, а токму таа се погрижи за бизарната сцена.

Популарниот Лучо тргна да ја бакнува својата девојка откако се сликаа заедно, но таа не го забележа тоа и му „испорача корпа“ без да биде свесна за тоа.