Џани Инфантино го навлече гневот кај голем број фудбалски фанови со своето однесување на Светското првенство, но и со предлог-проектот кој го понуди по крајот на турнирот во САД, Мексико и Канада, а според многумина, тоа треба да претставува иницијална каписла за она што е неизбежно, односно негова смена на претседателската функција.
УЕФА веќе неколку недели води „војна“ против Инфантино и го „разоктри“ со неколку експлозивни соопштенија, а Европската Федерација сега доби два големи сојузници во АФЦ (азиската фудаблска Конфедерација) и КОНКАКАФ (Конфедерација на фудбалски асоцијации на Северна, Централна Америка и Карибите).

Трите познати фудаблски тела изготвија заедничко соопштение во борбата против Инфантино, нагласувајќи дека е време да се тргне од престолот човекот кој работи за свои интереси, а не за доброто на фудбалот.
– Почитувани фудбалски семејства, фудбалот останува најголемата споделена страст во светот. Тој не припаѓа на ниту еден поединец или институција. Тој им припаѓа на играчите, навивачите, клубовите, здруженијата членки и на секоја институција на која ѝ е доверено да ја заштити неговата иднина.Водејќи се по тој дух, како Конфедерации што ги претставуваат своите членови, денес стоиме заедно. Напредокот во изминатата деценија е реален, но тој успех никогаш не бил дело само на еден човек.

– Тоа е резултат на работата на ФИФА, Конфедерациите, Федерациите и илјадници луѓе кои ги посветиле своите животи на оваа игра. Проширувањето на турнирот, распределбата на домаќини за Светските првенства во 2030 и 2034 година, распределбата на средствата до Федерациите – сето тоа се заеднички достигнувања, договорени и реализирани во соработка. Не станува збор за пари.
– Конфедерациите веќе повикаа на одговорна распределба на огромните резерви на ФИФА за понатамошно поттикнување на развојот на асоцијациите членки. Исто така, не станува збор за тоа дека кое било здружение ја губи поддршката што ја заслужува, и покрај обидите да се шири страв меѓу нашето членство за да се сугерира поинаку. Исто така, не станува збор за преиспитување на проширувањето на натпреварувањето, доделувањето на Светските првенства или какви било други одлуки што беа донесени колективно. Тие одлуки беа донесени колективно и мора да останат во сила.

– Станува збор за нешто пофундаментално: интегритетот на играта и интегритетот на оние избрани да ја водат. Таму каде што треба да има одговорност, има тишина; таму каде што треба да има отвореност, владее отуѓеност. Ова не се квалитетите што фудбалот ги заслужува од своето раководство. Затоа го зазедовме овој став: не лесно и не сами, туку заедно, од должност кон играта на која ѝ служиме. Силата на фудбалот отсекогаш била во единството. Повикуваме тоа единство да се почитува сега и да се добие раководство што му служи на фудбалот, а не такво што се обидува да владее со него, – порачуваат трите големи инситуции во заедничкото соопштение против Инфантино.
An open letter to the football family from AFC, CONCACAF and UEFA: ⬇️https://t.co/8sjedkOyJA pic.twitter.com/OvskyoggYv
— UEFA (@UEFA) August 10, 2026













