[ФОТО]„ Комити“ бесни по дерби поразот од Шкендија: Ние секогаш за тимот, а вие изгубете се во димот!

Дерби

10/08/2026

11:33

1.149

Големина на фонт

а а а

Вардар одигра очајно второ полувреме против Шкендија и едноставно не можеше да поврзе повеќе паса на теренот во противничката половина, а со таков распоред на силите, актуелниот шампион може да биде среќен што загуби само со 2:0.

Индолентноста и немоќта која ја покажаа вардаровите фудбалери ги натераа најверните навивачи да пеат песни против упрвата на клубот со која водат „војна“ подолго време, па во период кога тимот брзо испадна од европските натпреварувањата и потклекна на првиот сериозен тест во домашното првенство, „Комити“ се решија да испратат кратка, но јасна порака.

– НИЕ СЕКОГАШ ЗА ТИМОТ, А ВИЕ ИЗГУБЕТЕ СЕ ВО ДИМОТ!

– Порази имало и ќе има, а во минатото токму тие моменти не правеле посилни, затоа што јасно се гледала желбата и мотивот за да се победи на теренот, затоа што јасно се гледа како се гине кога се сака.

– Денес на Градски не видовме ништо, едно големо НИШТО од сето тоа кое треба да го краси Вардаровиот тим! Не сте свесни колку сме бесни, како и сите Вардарци и затоа веднаш на почеток да ви биде јасно дека вакви дебакли нема да се толерираат! Пораката е јасна, – порачаа „Комити“.