Наполи му се налути на Шалке 04 за откажувањето на договорен трансфер

Дерби

04/08/2026

10:57

150

Големина на фонт

а а а

Наполи излезе со официјално соопштение, заканувајќи се со активирање правни инструменти против германскиот клуб Шалке 04.

Причина е договорениот, па нереализиран трансфер на Јеспер Линдстром, фудбалер кој требаше да се пресели во редовите на бундеслигашот, но сега повторно останува сериозен товар на клупскиот буџет на Наполи.

Наполи и Шалке постигнале начелен договор за условите за трансферот на Линдстром, данскиот фудбалер отпатувал да направи и лекарски прегледи, за на крајот германскиот клуб да го информира менаџментот на Наполи дека се повлекува од договорената операција.

Првично, од Шалке објасниле дека не се задоволни од одредени клаузули во договорот и дека тој се разликува од тоа што било договорено во првичната комуникација, за потоа германскиот клуб да потврди дека поради неколку повреди во тимот, ги менува своите трансфер приоритети.

Преку соопштение, Наполи побара од Шалке 04 да ги официјализира причините за пропаднатиот трансфер, притоа потенцирајќи дека ги задржува правата за можно барање одговорност пред соодветните фудбалски авторитети.        

Линдстром дојде во Наполи од Ајнтрахт за 30 милиони евра, но откако не се наметна во новиот клуб, беше испратен на заем во Волфзбург, односно Евертон.