Лејкерс ќе се засилат со ветеран кој веќе му беше соиграч на Дончиќ

Дерби

04/08/2026

10:43

164

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс и натаму се обидува да го надгради ростерот во пресрет на новата сезона, а американските медиуми најавуваат дека главна цел на тимот од Калифорнија се Клеј Томпсон и Пи Џеј Вашингтон.

Лука Дончиќ посакува повторна соработка со некогашните соиграчи од Далас, а новинарот Марк Џејкобс најави дека многу блиску до вакво сценарио е повозрасниот во ова друштво.

36-годишниот Томпсон наводно договорил разделба со Далас и по реализацијата на одредени процедури, ќе се врати во родниот град, каде ќе го носи дресот на Лејкерс.

Клеј имаше одличен просек во краткиот период во кој настапуваше заедно со Дончиќ, но неколку месеци подоцна Словенецот беше изненадувачки трејдуван и испратен во Лејкерс, по што Томпсон на крајот има просек од 12,9 поени по натпревар.

Во таа 2024 година тој одби подобар договор токму од Лејкерс, само за да игра покрај Дончиќ, па се чини дека сега е блиску за да добие шанса за подолг престој во ист тим со Словенецот.