Кристијан Ромеро е блиску до трансфер во редовите на Интер, тој е личен избор на тренерот Кристијан Киву, но барем засега има две пречки кои треба да се надминат за комплетирање на договорот.
Тотенхем не е проблем бидејќи ќе прифати сума од 40 милиони евра за дефанзивецот, но неговата преселба во Милано е условена од две работи, од кои за едната мора да помогне и фудбалерот.
Ромеро сака да го засили Интер и да му стане соиграч на Лаутаро Мартинез, но не сакал да игра за помала плата од досегашната, односно 6 милиони евра, плус бонуси од околу 500.000 евра. Доколку преговорите стигнат до завршната точка, можно е Ромеро да отстапи од првичната позиција и да ги прифати условите на „нероазурите“, но тоа би станало јасно дури во оваа етапа.
Претходно, Интер мора да се ослободи од еден играч од дефанзивниот дел за да добие простор да го ангажира Аргентинецот, а најголем фаворит е Бенжаман Павар.
Французинот немаше премногу успешен заем во редовите на Олимпик Марсеј и се враќа во матичниот клуб, но Интер ќе се обиде да му најде нова средина, а со тоа и да го реши проблемот кој го стопира трансферот на Ромеро.
Интерес за искусниот дефанзивец постои и кај Арсенал и Атлетико Мадрид, па затоа и италијанскиот клуб мора да реагира побрзо за да не го загуби засилувањето кое има посебно значење за Киву.






