Преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус за продолжување на соработката со нов договор продолжуваат, а постмундијалскиот период донел подобри услови на маса за бразилскиот репрезентативец.
Цврстиот став на шпанскиот клуб малку попуштил, односно Реал ја подобрил понудата со зголемување на годишната плата на 22 милиони евра, пренесуваат неколку угледни медиуми.
Тоа е напредок во однос на претходната фаза, но сепак не и големо приближување до сумата од 30 милиони евра која ја бараат и очекуваат, Винисиус и неговите агенти.
Тие сметаат дека Реал треба да покаже благодарност и потврда колку го цени крилниот напаѓач за досегашниот придонес и да му овозможи многу повисока плата од тоа што досега ја добиваше, односно 17,5 милиони евра, нешто што во моментов делува нереално со оглед на актуелната понуда од страна на клубот.
Винисиус влегува во последната година од договорот, па од јануари веќе може да преговара со други клубови и следното лето да замине во некој од нив како слободен агент.






