Ајакс го потврди и претстави засилувањето од Барселона

Дерби

04/08/2026

11:30

212

Големина на фонт

а а а

Раководството на Ајакс по подолго време реализира поагресивен преоден рок, во кој холандскиот клуб ангажира докажани фудбалски имиња како засилувања на повеќе позиции, a истите ќе бидат предводени и од нов тренер.

Денеска, великанот од Амстердам официјално го потврди пристигнувањето на Марк Андре тер Штеген, до пред одреден период првиот голман на Барселона, кој го загуби тој статус во ерата на Ханси Флик.

Искусниот германски голман ќе биде прв избор на Ајакс во новата сезона, а во Холандија доаѓа по краткиот заем во редовите на Џирона.

Потегот на Ајакс не делува како големо изненадување ако се знае дека нов тренер на екипата е Мичел, човекот кој последните години ја водеше Џирона и до неодамна соработуваше и со Тер Штеген. Германецот е шесто засилување за Ајакс летово, а пред неколку дена беше потврден неговиот сонародник Јулијан Брандт.