Феран „фрли ракавица“ и испрати јасна порака до управата на Барса

Дерби

04/08/2026

08:12

494

Големина на фонт

а а а

Феран Торес се стави во далеку покомотна позиција да преговара за следниот чекор во кариерата откако постигна злато вреден гол во финалето на Светското првенство, момент кој многу веројатно целосно ја промени неговата стартна ситуација во преговорите со Барселона, но и ПСЖ.

Напаѓачот има понуда на маса од Луис Енрике и ПСЖ и за тоа се говореше уште за време на Светското првенство, па иако првичниот план на Барселона беше да почне преговори со „светците“, до оваа фаза од преодниот рок се уште нема иницијални контакти.

Причина за тоа е самиот Торес кој чека да стави крај на заслужениот летен одмор по мундијалското злато, но пред да се врати на клупските обврски, „фрли ракавица“ кон управата на Барселона и јасно стави до знаење што очекува од нив.

Феран очекува од Барса да покажа дека го посакува во своите редови, и тоа со нов договор со оглед на тоа што овој важечкиот истекува за една година.

– Барселона треба да покаже дека ме сака во тимот. Може да дојдат и да преговараат со мене, на крај се ќе се реши низ база на разговор, – вели Торес.

– ПСЖ? Интересот од такви големи клубови е јасен сигнал дека правите добро некои работи, – кратко дополни Торес кој не ја отрфла опцијата и за заминување од „Камп Ноу“.