Американската фудбалска асоцијација стави крај на драмата околу иднината на селекторот Маурисио Покетино и аргентинскиот стручњак и наредниот период ќе ја води фудбалската репрезентација на САД.
Покетино размислуваше да му се врати на клупскиот фудбал со тврдење дека му недостасуваат секојдневните ангажмани, но реално извиси за тренерските позиции во Милан и Тотенхем, па на крајот сепак прифатил да остане американски селектор.
И покрај променливите резултати, Покетино и неговите репрезентативци ги исполнија очекувањата на последното светско првенство, на кое дојдоа до осминафиналето, во кое доживеаја убедлив пораз од Белгија.
Покетино ја потврдил веста пред медиумите и истакнал дека очекува Американците дополнително да го намалат заостанувањето зад водечките светски репрезентации, а тоа дефинитивно нема да биде лесен предизвик за актуелниот селектор.
Американците потсетуваат дека претходните селектори како Јирген Клинсман, Боб Бредли, Грег Берхалтер и Брус Арина не успеаја да издржат на позицијата до втор мундијалски настап, па останува да се види дали Покетино ќе направи подвиг и ќе ги води САД на СП во 2030 година.






