Македонската мисица и манекенка Моника Црнокрак повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста. По големиот успех што неодамна го постигна на изборот за „Мис на Европа 2026“ во Бејрут, убавицата деновиве покажа дека знае како да ужива и далеку од рефлекторите, во природа, мир и романтика.
Наместо летните горештини и градскиот метеж, Моника избра поинакво сценарио за одмор. Заедно со своето момче Виктор отпатува во планинско засолниште, опкружено со густа шума и прекрасни природни пејзажи, каде што двојката ужива во целосна приватност и мир.

На својот Инстаграм профил таа сподели серија фотографии од луксузниот апартман во кој престојуваат, а покрај природните убавини, вниманието го привлече и внимателно уредениот ентериер со ретро детали и топла атмосфера.
„Скриено планинско место во лето“, напиша Моника во описот на објавата, откривајќи само мал дел од идиличната атмосфера во која ужива со својот партнер.

Фотографиите за кратко време собраа бројни лајкови и коментари, а најмногу реакции предизвика кадарот на кој таа позира во луксузна ретро када. Станува збор за естетски фотографирана сцена, во која Моника со насмевка позира во када, додека зад неа на портокаловиот ѕид стои испишана романтичната порака: „Under the same sky, living the same dream“ („Под исто небо, живеејќи го истиот сон“).
Нејзините следбеници ја пофалија способност на Моника да биде сензуална, а истовремено да задржи елеганција и префинетост. Без разлика на различните реакции, едно е сигурно – фотографијата на која позира во када никого не остави рамнодушен.

Моника и овојпат покажа дека внимателно го гради својот јавен имиџ. Наместо експлицитност, таа избира суптилна естетика, стил и атмосфера, што е препознатлив дел од нејзините објави. Нејзините фотографии често се инспирирани од модната фотографија, а секој детаљ, од локацијата и осветлувањето до стајлингот е внимателно осмислен.
Судејќи според последните фотографии, Моника моментално ги полни батериите во вистинска оаза на мирот, каде што романтичната атмосфера, планинскиот амбиент и луксузното сместување создаваат совршена летна приказна. А, ако се суди според реакциите на Инстаграм, нејзиниот одмор веќе стана една од најкоментираните теми меѓу нејзините обожаватели.















