Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, отпатува во Грција со својата девојка Милена Стаменковиќ и пријателите, каде што одлучија летните денови да ги поминат во вистински луксуз.
За оваа прилика тие изнајмиле величествена вила, чија вредност се проценува на неверојатни 10.000.000 евра.
Според достапните информации, за престојот во овој луксузен комплекс биле издвоени дури 40.000 евра, а деталите од раскошниот имот пред јавноста ги откри неговиот пријател Чода.
Тој го сними секој дел од импресивната вила и им покажа на своите следбеници во каков амбиент екипата го поминува својот одмор.
Обиколката започна со кадри од надворешниот дел на имотот, а особено внимание привлече огромниот базен, кој речиси незабележливо се спојува со хоризонтот и нуди спектакуларен поглед кон морето.

Сепак, најголемото изненадување следуваше кога ја покажаа внатрешноста на вилата. Ентериерот го осмислила прочуената британско-ирачка архитектка Заха Хадид, позната ширум светот по своите футуристички и иновативни архитектонски проекти.
Ова луксузно здание располага со бројни содржини, меѓу кои се пространи спални соби опремени со модерен мебел, голема кујна со врвна опрема, приватно кино за филмски проекции, како и теретана и сауна, наменети за одмор и рекреација.

Посебен впечаток остава и надворешниот дел од имотот. Чода покажа две големи тераси со неверојатен поглед, но и кино на отворено под ведро небо. Вилата располага и со приватна зеленчукова градина, како и терен за пиклбол, каде што гостите можат да уживаат во спортски активности.
Луксузот не завршува само во рамките на имотот, бидејќи вилата располага и со приватен дел од плажата со лежалки, целосно изолиран од останатите капачи и погледите на јавноста.
За дополнително уживање, Бака Прасе за своето друштво изнајмил и луксузен брод, со што овој одмор го подигнал на уште повисоко ниво.











