Се судрија навивачи на Сан Лоренцо и Хуракан, големи ривали од аргентинскиот фудбал.
Во еден од градските паркови во Атланта, аргентински навивачи физички се пресметаа меѓусебно во пресрет на полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Аргентина и Англија.
Историското ривалство меѓу двете репрезентации беше причината натпреварот да биде означен како меч од висок ризик, но во средата токму аргентинските навивачи беа тие што предизвикаа инциденти.
Во паркот се сретнале навивачи на Сан Лоренцо и Хуракан, два големи ривалски клуба од аргентинскиот фудбал, по што дошло до масовна тепачка која се проширила и на околните улици.
La butteler vs los putos de la quema
— Thiago (@Laciguegol) July 15, 2026
📍Atlanta - Estados Unidos @diegolafourcade @gastonedul @A24 @mdzol @TyCSports @SanLorencismo @davellaneda77 @MetodoAzulgrana @azulgrana_77 pic.twitter.com/xVKYZDnnfe
Полицијата во Атланта брзо интервенирала, ги прекинала немирите и при акцијата уапсила неколку лица.
Во Атланта, градот каде што ќе се одигра полуфиналниот натпревар со почеток во 21:00 часот по средноевропско време, пристигнале значително повеќе аргентински отколку англиски навивачи.
Голем број Аргентинци кои допатувале во градот немаат билети за натпреварот, па дуелот ќе го следат во бројните навивачки зони.
За натпреварот меѓу Аргентина и Англија се ангажирани речиси 2.000 полицајци, а за првпат на ова Светско првенство навивачите ќе бидат насочувани кон различни влезови на стадионот, со цел да се намали ризикот од судири.








