Бруно доби награда каква што не се памети на „Олд Трафорд“ цели 16 години: Ова ме прави посебно горд

Дерби

26/08/2026

11:39

119

Големина на фонт

а а а

Бруно Фернандеш остави историска сезона зад себе во дресот на Манчестер Јунајтед и воопшто во Премиер лигата, бидејќи во завршното коло со додавањето кое му го сервираше на Патрик Доргу урна и еден рекорд кој изгледаше недофатлив.

Фернандеш со 21-та асистенција во една натпреварувачка сезона стана апсолутен рекордер во Премиер лигата и го надмина рекордот кој го делеа Тјери Анри и Кевин Де Брујне, па во сезона кога беше апсолутен лидер на Јунајтед во секој можен поглед, Бруно доби и признание какво што не се памети на „Олд Трафорд“ цели 16 години.

Здружените на професионални фудбалери на Англија вчеравечер ги додели наградите на најдобрите поединци од минатата сезона, а за играч број еден од колегите е избран токму Фернандеш.

Португалецот веќе доби две признанија од новинарите за играч на сезоната во месец мај, но ова признание се смета за најпрестижно во Англија, особено поради тоа што му е доделено од колегите во Премиер лигата и сите други професионални лиги во Англија.

Фернандеш е првиот играч на Јунајтед кој го добива ова признание во последните 16 години, бидејќи последен фудбалер кој се закити со ваква награда беше Вејн Руни во 2010-та година.

– Добивањето на оваа награда ме прави посебно горд, бидејќи истата доаѓа од луѓе кои секојдневно ме гледаат и кои се мои ривали на теренот. Станува збор за луѓе кои беа со мене, за оние кои играат против мене и нависитна сум им благодарен за гласовите кои ги добив.

– Секогаш е убаво да се види и името на Манчестер Јунајтед на вакви церемонии, играчите доаѓаат до вакви признание благодарение на своите клубови. Се надевам дека во иднина ќе имаме уште повеќе играчи од нашиот клуб кои ќе ја добијат оваа награда, тоа ќе значи дека сме на добар пат и дека правиме нешто добро, – изјави Фернандеш.

e