Чави Ернандес се одлучи за еден поинаков тип на работа откако направи двегодишна пауза од клупскиот фудбал, па во иднина ќе го гледаме во улога на селектор на репрезентација која важи за една од поатрактивните во Европа.
Легендата на Барселона доби повик од холандската фудаблска асоцијација и без многу размислување прифати да биде наследник на Роналд Куман, па вчера ја доживеа и официјалната промоција како нов селектор на „лалињата“.
Ернандес прво мораше да ги учи холандските новинари за тоа како точно се изговара неговото име и презиме, но даде интересен одговор и на едно скокотливо прашање.
Најџел Де Јонг како технички директор на Федерацијата откри дека Чави бил трет избор откако биле одбиени од Пеп Гвардиола и Арне Слот, но Чави нема проблем што доаѓа како резервна опција и вели дека сите ќе заборават на тоа ако одговори со позитивни резултати.
– Мислам дека не е толку лоша позиција да бидете зад Гвардиола и Слот на третата позиција. Ако ништо друго, јас сум на подиумот. Навистина не ми е гајле за тоа, – порача Чави.








