„Случајот Хулијан Алварез“ предизивкува голема нервоза на релација Мадрид-Каталонија поради нарушените односи меѓу Атлетико и Барселона, па во ситуација кога „душекџиите“ се држат до ставот дека нема да го продадат Аргентинецот на „Камп Ноу“, се пократко е времето да се смени нешто во позитивна насока до крајот на преодниот рок.
Алварез самиот побара да направи трансфер уште за време на Светското првенство и со тоа уште повеќе го зголеми револтот кај предводниците на Атлетико, па иако целата ситуација изгледа смешно во период кога тој добива жестоки критики и свирежи од фановите на Атлетико, на крајот може да се случи „Пајакот“ да биде најоштетен од целата ситуација.
Јавноста веќе не исклучува останување на Алварез во Атлетико во екстремно тешки услови со оглед нарушениот однос со фановите, но според Кристоф Дигари, самиот Хулијан треба да ја плати цената за глупоста која ја направи со своите агенти.
– Жалам што морам да кажам вака директно, но сметам дека Алварез и неговите агенти се вистински идиоти. Како може да делувате така јавно и да кажете „Сакам да си одам од клубот“.
– Не знам дали е сам толку глупав, или некој го советувал да го направи тоа. Може да си заминете од еден клуб, но никогаш не треба да кажете јавно дека го сакате тоа. Со таков потег, ги вртите сите против себе. На Алварез му се случува токму тоа во Атлетико, – заклучува Дигари, францускиот фудбалер кој беше дел од славната генерација која ја освои светската титула во 1998-ма година.







