Мурињо режираше лудорија на пресот: Пишувај добро за мене, или ќе јадеш ќотек

Дерби

26/08/2026

10:47

166

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо е свесен дека новинарската професија достигна нови височини во модерниот фудбал, па како човек кој знае дека претставниците на седмата сила често знаат да имаат инсајдерски информации од луѓе кои се вработени во клубот, реши да постави граница уште на самиот старт на сезоната.

Португалецот во свој карактеристичен стил говореше за натпреварот кој го игра Реал против Реал Сосиедад на домашен терен, а при обраќањата кои ги имаше, јасно им препорача на новинарите дека под негово водство ќе мора повеќе да се потрудат за да добијат релевантни информации.

Мурињо е познат како тренер кој воопшто не сака да се издаваат вести од соблекувалната во јавноста, но откако забележа еден новинар за кој е сигурен дека има добри контакти во клубот, реши да направи вистинска лудорија на пресот.

Жозе му се обрати на новинарот на „Кадена Копе“ и му посочи дека од суштината на поставеното прашање препознал дека има контакти во клубот, па на заминување од пресот, режираше урнебесна сцена.

– Ова е човекот кој има контакти во клубот, – порача Мурињо, по што новинарот потврди дека тоа е вистина и додаде дека има навистина многу контакти во Реал Мадрид.

– Подобро пишувај добри работи за мене, или во спротивно ќе треба да внимаваш, – му порача Мурињо со насмевка на лицето.