Медведев доживеа нов срам, па порача: Можеби е време да го променам спортот

Дерби

26/08/2026

10:46

181

Големина на фонт

а а а

Данил Медведев некогаш важеше за еден од најдобрите тенисери на тврда подлога и обично најдобрите изданија ги имаше за време на американската турнеја, но веќе неколку години наназад тоа не е случај.

Русинот бележи голем пад во формата и често се истакнува само поради глупостите кои ги режира на тенискиот терен, па во период кога се играат квалификации за Ју-Ес Опен, Медо реши да темпира форма со настап на турнирот во Винстон Сејлем.

Медведев запиша само една победа ова лето по настапот кој го имаше на Вимблдон на турнирите на тврда подлога, а новиот пораз пристигна рано утрово од Мартин Дејм.

Данил изгледаше непрепознатливо за тенисер кој е во топ 10 на АТП листата, па и самиот си порача дека можеби треба да почне да размислува за промена на спортот.

– Можеби треба да стартувам кариера во пиклбол. Се уште не е доцна….. Ќе играм двојки со Џек Сок (Американецот веќе некое време е ѕвезда во овој спорт)…

– Секој спорт е подобар од тенис во овој момент, дури и карлинг е подобар човеку…, – мрмореше Медведев додека седеше на клупа.