[ВИДЕО] Манасиевски: Блокадата на Изборниот законик од СДС, Левица и ДУИ го стопира напредокот на државата

Макфакс

15/07/2026

13:20

140

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, истакнува дека блокадата на донесувањето на Изборниот законик од страна на СДС, Левица и ДУИ ја кочи реформската агенда и напредокот на Македонија како држава.

„Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога ќе имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата. Изборниот законик освен што треба да се донесе поради барање на политичките партии треба да се донесе и поради вметнување на препораките и забелешките од ОБСЕ и ОДИХР, но тој треба да се донесе и затоа што е дел од Реформската агенда, во која ние како држава сме лидери во регионот“, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Девет од десет реформи се исполнети, а таа една што останува е директна вина на коалицијата на СДС, Левица и ДУИ.

Ова е директен показател дека ако имаат можност, опозиционерите во Македонија ќе го блокираат државниот напредок.

СДС, Левица и ДУИ не ги интересира успехот на Македонија, не им е до нов Изборен законик, туку сакаат да се претстават како жртви, и на следните избори да се претстават како оштетени, со тоа што нема да биде донесен Изборниот законик.

Ваквите задкулисни игри кои ги води опозицијата нема да поминат и тие се разобличени.

СДС, Левица и ДУИ, се директните виновници за тоа што помина рокот за носење на Изборниот законик, со кој ние како држава би добиле повеќе средства од Планот за раст. Доколку не се вразумат, на следните избори ќе одиме повторно со стариот Изборен законик“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.