Измамена жена од Прилеп: По комуникација преку социјални мрежи дала околу 700.000 денари

Макфакс

15/07/2026

14:10

235

Големина на фонт

а а а

Жена од Прилеп пријавила измама преку социјални мрежи, при што дала околу 700.000 денари за наводно лечење на болно дете. Се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Вчера во 14:30 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во февруари оваа година почнала комуникација со лице преку социјални мрежи, по што тоа и побарало пари, наводно за лечење на неговото болно дете.

Пријавителката во неколку наврати му дала вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.