Сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје: Тешко повреден малолетник

Макфакс

15/07/2026

14:10

209

Големина на фонт

а а а

На автопатот Тетово – Скопје се случила сериозна сообраќајна несреќа помеѓу два возила, при што е тешко повреден малолетен сопатник, а повеќе лица се пренесени во болница со повреди.

Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот ТетовоСкопје, во близина на наплатна рампа Глумово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од Скопје и возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Л.А. од с.Патишка Река, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатникот М.А.(24) и уште една малолетна сопатничка од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.