[ФОТО] Најпознатиот тениски експерт со посебна вест за Ѓорческа: Вработените на Вимблдон не можеа да го препознаат македонското знаме

Дерби

30/06/2026

11:53

1.539

Големина на фонт

а а а

Бен Ротенберг важи за еден од најпознатите и највлијателни тениски експерти во модерната ера на овој спорт, а неговите објави често знаат да имаат милионски споделувања и да предизвикаат безброј реакции.

Познатиот новинар специјализиран за тенис е посебен и поради фактот што им дава на значење на резултати кои не се баш најпопуларни за светската јавност, па како таков, сега издвои дел од своето време и за најдобрата македонска тенисерка во историјата.

Лина Ѓорческа обезбеди место на главниот турнир на Вимблдон и за првпат ја стави Македонија на тениската грен слем мапа, бидејќи со трите победи во квалификациите, осигура место на најпрестижното тениско случување.


Тенисерката од Тетово денеска напладне во 12:00 часот ќе ги одмери силите со Аманда Анисимова која е минатогодишна финалистка на турнирот, па пред самиот меч, интересна најава пристигна и од Ротенберг.

Бен и даде огромно признание на Лина за големиот подвиг кој го направи во квалификациите и го поздравува нејзиниот успех во Лондон, па со оглед на тоа што доаѓа од мала земја како Македонија, откри дека дел од вработените на Вимблдон не можеле да го препознаат знамето на нашата земја.

– Лина Ѓорческа, тенисерката која мина долг пат за да ја стави Македонија на тениската мапа…


– Додека одевме заедно кон теренот каде што Лина Ѓорческа завршуваше една од своите победи во квалификациите, еден од вработените на турнирот ме праша од која земја доаѓа тенисерката. Ми порача дека не може да го препознае знамето на земјата од која доаѓа.

– Ова беше разбирлив јаз за некој што работи во тенисот: Никогаш претходно до оваа недела знамето на Македонија не беше видено до името на тенисер или тенисерка на некој голем турнир во поединечна конкуренција, – гласи дел од најавата на Ротенберг.