Синер со ужасен пад ги загрижи своите фанови: Имав среќа

Дерби

30/06/2026

11:41

254

Големина на фонт

а а а

Јаник Синер не изгледаше најсвежо и најразиграно на стартот на 139-то издание на Вимблдон, но сепак успеа да ги надмине препреките и после пет сета да обезбеди тежок пласман во втората рунда.

Миомир Кецмановиќ го притисна Италијанецот и го натера да се враќа од негатива од 2:1 во сетови, па откако светскиот рекет број еден успеа во намерата да направи пресврт, можеше да биде задоволен поради две причини.

Првата поради фактот што успеа да го пронајде својот препознатлив ритам во четвртиот и петтиот сет, но уште поважно, поради фактот што избегна тешка повреда во третиот сет.

Јаник беше фатен на погрешна нога и ужасно се приземји на тревата, а бидејќи левата нога му отиде во крајно неприродна позиција, фановите почнаа да стравуваат од најлошото.

Среќна околност беше тоа што Синер брзо подигна палци и стана од земја, а со својата игра во продолжение, покажа дека не чувствува никакви последици од ужасниот пад.

– Имав навистина лош пад и можев лесно да се повредам. Терените на трева нудат вакви моменти, особено на првите мечеви кога тревата повеќе се лизга. Имав среќа, работите можат да тргнат наопаку во еден момент. Навистина сум среќен што не се случи ништо посериозно, – изјави Синер.