Клоп лут на судиите: Ако ова е нерегуларен гол, тогаш Арсенал не требаше да биде англиски шампион!

Дерби

30/06/2026

11:46

306

Големина на фонт

а а а

Германската јавност повторно се соочи со болна елиминација на едно Светско првенство откако најсилниот национален тим разочара на трето Светско првенство во низа, а начинот на кој се случи тоа ги прави работите уште посложени за четирикратните шампиони.

Германија за првпат во својата историја загуби во еден пенал рулет на фудбалски мундијал, но разочарување имаше и во дополнителните 30 минути игра во кои на „панцирите“ им беше поништен гол.

Џонатан Та постигна погодок кои сите бурно го прославија, меѓутоа судиите решија да го поништат поради контакт меѓу Антон и голманот на Парагвај.

Германците останаа без победнички гол поради блок врз противничкиот голман, а бидејќи видовме голем број слични ситуации во Премиер лигата изминатата сезона, дел од експертите во Германија сметаат дека тимот на Нагелсман бил оштетен.

Еден од нив и Јирген Клоп, кој во своето обраќање за „Магента ТВ“ ја спореди оваа ситуација со сите голови кои ги постигна Арсенал во слични околности.

– Ако овој гол е нерегуларен, тогаш Арсенал не требаше да биде англиски шампион. 60 проценти од нивните голови пристигнаа на овој начин.

– Ова е брутално за нас, знам дека имавме 500 илјади начини да стигнеме до победа, но на крајот не успеавме да ја сместиме топката уште еднаш во противничката мрежа, – изјави Клоп.