Фановите шокирани од ефектот: Еден германски стартер го заврши мечот против Парагвај со поразителна статистика

Дерби

30/06/2026

12:07

263

Големина на фонт

а а а

Германската јавност со денови и месеци ќе бара вина за новото мундијалско фијаско кое го приреди националниот тим, па иако товарот најмногу се очекува да падне на селекторот Јулијан Нагелсман, дел од експертите веќе почнуваат да го вперуваат прстот и кон самиоте играчи.

Џошуа Кимих беше доволно искрен за да призна дека одговорноста треба да се бара кај самите фудбалери, па иако капитенот не сакаше да именува соиграчи, во јавноста посебно отскокнува едно име.

Лерој Сане беше фудбалерот кој најчесто ја губеше топката на теренот и е посочен како убедливо најлош од угледните германски таблоиди, а најдобар доказ за тоа колку беше лош крилниот фудбалер е статистиката.

Некогашната ѕвеза на Баерн Минхен и Манчестер Сити очигледно е во ужасна форма и фудбалски назадува во Галатасарај, па за германските медиуми е сосема нејасно како може да биде сигурен стартер во тимот на Нагелсман.

До своето излегување од игра, Сане не успеа да реализира ниту еден успешен дриблинг од девет обиди, ниту еден од неговите осум центаршутеви не беше употреблив, а загуби 8 од вкупно 9 дуели со парагвајските фудбалери. Поразителна статистика која сигурно е потврда за тоа дека тој беше убедливо најлош играч на теренот.