Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски избори пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Загреб што се игра на земјена подлога за награден фонд од 30.000 долари.
Ивановски дојде до најдобрите осум откако денеска славеше над Павлос Циципас, помалиот брат на најпознатиот член на семејството, Стефанос.
Калин славеше со 2-0 во сетови, но по една голема битка која траеше повеќе од два часа. Првиот сет беше решен во тај брејк и тоа дури по 18 одиграни поени (10-8), додека во вториот нашиот рекет направи брејк во 11 гејм за да потоа биде сигурен на свој сервис за 7-5.
Место во наредната рунда обезбеди и Олег Приходко кој како прв носител го доби Глиб Секачов со 2-1 во сетови.
Сега за Калин и Олег следат и мечеви во игра на двојки.







