[ВИДЕО] Африканскиот врач ја исполнил мисијата па ја „симнал клетвата“ од Кејн: „Го ослободив, сега може да постигне гол против Панама“

Точка

24/06/2026

17:53

335

Големина на фонт

а а а

Познатиот традиционален лекар и врач од Гана, Нана Кваку Бонсам, изјави дека ја исполнил својата мисија и ја „симнал клетвата“ од капитенот на Англија, Хари Кејн.

Кваку Бонсам, кој и претходно беше тема на светските медиуми со слични тврдења пред големите турнири, пред дуелот од второто коло меѓу Гана и Англија порача дека фрлил клетва врз Кејн, кој во првото коло со два гола ја предводеше Англија до победа над Хрватска.

„Работам на Хари Кејн. И претходно покажав за што сум способен, па добро знам што треба да направам за да го запрам. Не му посакувам тешка повреда, туку само онолку колку што е доволно за да го спречам да игра добро против мојата земја. Ќе си ја завршам работата за да ѝ помогнам на Гана“, изјавил Бонсам.

Кејн навистина немаше свој ден на натпреварот против Гана и промаши чиста шанса за победа, каква што вообичаено реализира „со затворени очи“.


Бонсам е убеден дека за тоа е заслужна неговата „клетва“, па по натпреварот се пофалил, а потоа се снимил како ја „отстранува“.

„Јас сум најмоќниот врач во светот. Сега ќе го ослободам Хари Кејн, за да може да постигне гол на следниот натпревар на Англија“, рекол Бонсам.


Англија во последното коло ќе игра против Панама на 27 јуни во 23 часот.