Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ и официјално ја заврши соработката со еден од најдобрите руски клубови Зенит.
Димитријевиќ пристигна во клубот од Санкт Петербург минатото лето и требаше да биде големо засилување, но по само неколку месеци си замина и како позајмен играч ја доигра тековнава сезона во Баерн Минхен.
Тој имаше договор со Зенит и требаше да се врати во оваа средина, но тоа не се случи откако двете страни пронајдоа заеднички јазик за разделба.
- Кошаркарскиот клуб Зенит го раскина договорот со Нено Димитријевиќ. Според условите на договорот, клубот ќе добие финансиска компензација, - информираа од тимот од ВТБ лигата.
Плејмејкерот имаше учинок од 11,5 поени, 5,7 асистенции, 2,9 скока и 0,5 украдени топки по натпревар за Зенит во ВТБ лигата.







