Како капитен, Един Џеко ја предводеше Босна и Херцеговина до нокаут фазата на Светското првенство.
Босна и Херцеговина го победи Катар со 3:1 во третото коло од групната фаза на Светското првенство и го обезбеди третото место во групата Б.

Набрзо, со победата на Бразил над Шкотска, стана јасно дека Босна и Херцеговина дефинитивно ќе играат во нокаут фазата како една од осумте најдобри третопласирани селекции.

Кога заврши натпреварот против Катар, се случи емотивна сцена во која Един Џеко ја имаше главната улога.
Легендарниот центарфор го соблече дресот и се упати кон трибината каде што беа навивачите на Босна и Херцеговина. Сите се надеваа дека ќе успеат да го добијат дресот, но кога Џеко се искачи меѓу навивачите, го облече дресот на еден посебен навивач - неговиот татко Мидхат.

Видеото брзо се најде на социјалните мрежи, каде што предизвика големо внимание и реакции.
Погледнете како изгледаше:
Bosnia and Herzegovina captain Edin Džeko puts his game-worn jersey on his father, Midhat, after his 3-1 win over Qatar.
Special moment. @BosniaNTBall @fox13seattle pic.twitter.com/bL6bbuCJyS









