Лионел Меси ја предводи Аргентиина и на ова Светско првенство каде воедно со пет погодоци е прв стрелец на досегашниот дел од турнирот.
Меси ги даде сите голови за „гаучосите“, прво тргна со „тројка“ против Алжир, потоа беше двоен стрелец со Австрија и притоа не реализираше пенал во првото полувреме што значи дека лесно можеше да запише уште еден хет-трик.
Тој веќе го прослави 39. роденден и многумина сметата дека ова е негов последен танц во националниот тим, но ѕвездата на Интер Мајами засега не ја затвара вратата и за евентуален настап на наредниот мундијал.
- Не знам. Вистината е дека не размислувам за тоа во моментов. Се чини малку далеку, но, како што реков, живеам ден за ден и се фокусирам на сегашноста. Да, да… Ќе продолжам уште некое време, сè додека можам да придонесам, да се чувствувам добро физички и да им помагам на моите соиграчи… Ќе продолжам да играм, - порача Лео.
Последниот меч за Аргентина е против Јордан и останува да се види дали капитенот ќе настапи на ова соочување со оглед на тоа што веќе е обезбедено првото место во групата.







