Швајцарија го потврди првото место, БиХ „на чекање“ за пласман во нокаут фазата

Дерби

25/06/2026

07:59

240

Големина на фонт

а а а

Швајцарија ја доби директната пресметка (2:1) за прво место со Канада и од најдобра позиција ќе ја дочека нокаут фазата, додека Босна и Херцеговина со прва мундијалска победа (3:1) на СП 2026, се приближи до потенцијален пласман во следната рунда.

Варгас и Манзамби го решија победникот на дуелот во Ванкувер, откако постигнаа по еден гол во 46 и 57. минута, а Канаѓаните до крајот успеаја само да намалат со голот на Промис Дејвид.

Босна и Херцеговина сега треба да го чека расплетот во другите групи, но со четири бодови има реални шанси да обезбеди втора фаза на СП 2026.