Фудбалските репрезентации на Англија и Аргентина ќе се сретнат во полуфиналето на Светското првенство во среда, со почеток од 21 часот по македонско време.
На трибините на стадионот во Атланта ќе биде присутна и една прекрасна русокоса девојка. Но, иако е Англичанка, таа ќе навива за Аргентина.
Тоа звучи необично, ако се земе предвид дека станува збор за две држави кои, најблаго кажано, имаат долга историја на ривалство, а зад себе имаат и воен конфликт.
Сепак, 22-годишната фудбалерка Келси Роуз Бауерс ќе навива за „противникот“, бидејќи е во љубовна врска со Маркос Сенеси, аргентински фудбалер кој настапува за Тотенхем.

Сенеси нема значајна улога во плановите на селекторот Лионел Скалони, бидејќи досега одигра само еден натпревар на Светското првенство.

„Ситуацијата за мене е необична. Многу сум горда на мојата Англија што стигна до полуфиналето. Секако, моето момче е од Аргентина и морам да го поддржам. Ја прифатив аргентинската култура и го носам аргентинскиот дрес. Не мислам дека тоа е нешто лошо. Ги почитувам двете репрезентации и знам дека е контроверзно што ќе се појавам на натпреварот. Сакам едноставно да уживам“, напиша таа на социјалните мрежи.















