Ибра за Шпанецот кој имаше фудбалски мастерклас против Франција: Гвардиола даде точна прогноза

Дерби

15/07/2026

11:41

390

Големина на фонт

а а а

Шпанија одигра перфектен натпревар во полуфиналето против Франција и заслужено се пласираше во второ мундијалско финале во својата историја, натпревар на кој ќе брка и втора титула во недела во Њу Џерси.

„Црвената фурија“ одигра по нотите на извонредниот Родри кој го диктираше темпото на играта во средниот ред, а после неверојатниот мастерклас кој го понуди, Шпанецот само ја потсети јавноста зошто своевремено беше „Златна топка“.

Ѕвездата на Манчестер Сити игра на нивото од пред две години на овој мундијал, но во моменти кога добива големи пофалби, Златан Ибрахимовиќ потсети на изјавата која ја даде Пеп Гвардиола пред стартот на сезоната која заврши.

– Пеп Гвардиола порача дека најдобриот Родри ќе го гледаме на Светското првенство и навистина е така. Јас имав иста повреда на двете колена и станува збор за навистина тешка повреда. Мора да се адаптирате на нешот ново и да ги вратите движењата во коленото.

– Тој ги искористи месеците во Манчестер Сити за да ги врати своите движења и сега покажува за каков играч се работи. Да не заборавиме дека тој е „Златна топка“. Освои „Златна топка“ играјќи на позиција која не е карактеристична за такви награди. Родри е извонреден, прави секој играч околу себе да биде подобар и треба да добива повеќе признание и почит, – изјави Златан.