[ВИДЕО] Леклер ја носел својата бурма додека возел Ф1, тиктокерка брутално ги прозва мажите

Точка

10/06/2026

15:50

550

Големина на фонт

а а а

На неодамнешната трка во Формула 1 во Монако, покрај Ким Кардашијан за која се пишуваше поради неколку гафови, внимание привлече и Шарл Леклер. Имено, една снимка од возачот стана вирална бидејќи на неа се гледа како носи бурма на раката.

Тиктокерката Рома Абдеселам, позната како „Stay At Home Daughter“, го пофали тој детаљ.

„Шарл Леклер ја носи својата бурма додека вози Ф1, така што секој маж што ви кажува дека нема да ја носи затоа што му е неудобна – е ѓубре“, напишала таа преку снимката.


Во описот на објавата на „ТикТок“ ја означила Александра и ѝ порачала: „Сакаме романтичен маж, кралице“. Видеото за само два дена собра повеќе од 700 илјади прегледи и бројни коментари.

„Ако славиме маж затоа што носи бурма, критериумите нѝ се прениски“, „Знам неколку такви“, „Точка“, „Мојот татко го истетовира својот“, пишувале во коментари.

Некои, пак, истакнаа дека на возачите во Ф1 им е забрането да носат прстени и дека веруваат оти Леклер го ставил дури по трката. Што велат правилата? Возачите во Ф1, според правилата на ФИА, смеат да носат еден едноставен прстен, што вклучува и класична бурма, доколку не ги попречува движењата на раката и ако медицинскиот персонал не процени дека претставува безбедносен проблем.


Љубовната приказна на парот

Парот се запознал во 2023 година на Модната недела во Париз. Иако на почетокот ја држеле врската подалеку од очите на јавноста, ја потврдија истата година со заедничкото појавување на Вимблдон. За свршувачката објавија во ноември на оригинален начин, со фотографии од нивното куче, јазовичарот Лео, кое околу вратот носеше огрлица со натпис: „Тато сака да се ожени со тебе!“.

Се венчаа кон крајот на февруари оваа година во Монако, на приватна церемонија.


Александра е историчарка на уметност и инфлуенсерка

Александра Леклер, 23-годишна девојка, е дипломирана историчарка на уметност и инфлуенсерка. Често е видена на трките во Формула 1, каде што привлекува внимание со својот елегантен стил. На социјалните мрежи ја следат повеќе од три милиони луѓе, а соработувала со познати брендови како „Rhode“, „Nina Ricci“ и „Meshki“.