[ФОТО] Перо Антиќ и Сања Ристиќ слават посебен ден на Афитос: „3 години со ова ѓаволче...“

Точка

23/07/2026

12:17

1.141

Големина на фонт

а а а

Љубовната приказна на Сања Ристиќ и Перо Антиќ веќе три години е една од оние што привлекуваат внимание, а нивната врска и денес изгледа подеднакво силна како на самиот почеток.

Заедничките патувања, семејните моменти со децата што ги имаат од претходните бракови, романтичните излегувања и меѓусебната поддршка се дел од секојдневието што редовно го споделуваат со своите следбеници.


Третата годишнина од нивната љубов ја одбележаа на едно од најромантичните места на Халкидики. Сања и Перо моментално престојуваат во Афитос, живописното гратче познато по камените улички, традиционалната архитектура и спектакуларниот поглед кон Егејското Море. Токму таму избраа да ја прослават својата љубов со романтична вечера во ресторан сместен на карпа, од каде што зајдисонцето и бескрајното сино море создаваат амбиент како од филм.


И двајцата на своите профили на социјалните мрежи објавија фотографии од вечерата, откривајќи дека слават три години љубов. Насмеани, опуштени и видно вљубени, уште еднаш покажаа дека уживаат во секој заеднички момент, а нивните објави веднаш собраа бројни честитки и убави желби од пријателите и следбениците.

„Среќна годишнина и уште многу заедно, моја љубов и светлина“, напиша Сања на фотографија на Инстаграм Стори.

И Перо објави фотка со порака „3 години со ова ѓаволче“ и стави емотикон срце.


Нивната љубовна приказна започнала сосема неочекувано. Сања во едно интервју откри дека судбинската средба се случила во кафуле, во момент кога седела со своите другарки и разговарала за љубовта. Во тој разговор, убедена дека повеќе нема да ѝ се случи вистинска романса, изговорила дека љубовта за неа е завршено поглавје.

Но, животот имал поинаков план.


Во истиот момент во кафулето влегол поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ. Тој се доближил до нејзината маса, ѝ подал рака, се поздравил и без многу зборови си заминал. Токму тој краток и навидум обичен момент бил почеток на една љубовна приказна која трае и денес.

Интересно е што, иако и двајцата се добро познати јавни личности и со години се дел од скопскиот јавен живот, до таа средба никогаш претходно не се познавале лично. Судбината решила нивните патишта да се вкрстат токму тогаш кога најмалку го очекувале тоа.