Руската инфлуенсерка Ана Отавина (24) преживеала вистински кошмар откако за време на спиењето избувнал пожар во нејзиниот луксузен пентхаус во Москва.
Како што самата откри на социјалните мрежи, трагедијата била избегната во последен момент, а според неа, за сè бил виновен преносен полнач кој се прегреал.
Според нејзините зборови, полначот се запалил додека бил во близина на креветот, а пламенот ја зафатил нејзината долга коса. Во пожарот таа се здобила со изгореници на грбот, додека чадот ја исполнил просторијата.
Ана раскажала дека од сон ја разбудиле мирисот на чад и чувството на жештина. Брзо реагирала, успеала да го изгасне пламенот и да повика помош, со што била спречена поголема трагедија. И покрај шокот и повредите, таа е благодарна што поминала без потешки последици.
Фотографиите што ги споделила по несреќата прикажуваат изгорени делови од собата, нагорен душек и оштетени лични предмети. Таа признала дека целиот настан оставил силен психолошки впечаток врз неа и дека ќе ѝ биде потребно време за целосно да закрепне.


Со ова искуство, инфлуенсерката сакала да ги предупреди своите следбеници за опасностите од користење електронски уреди во текот на ноќта, особено преносни полначи кои се полнат или остануваат приклучени во близина на лесно запаливи материјали.
Ана истакнала дека се надева оти нејзината приказна ќе ги поттикне другите да бидат повнимателни, за да избегнат слични несреќи кои за само неколку моменти можат да имаат кобни последици.











