Раде Шербеџија еднаш ги споделил своите искуства со Анџелина Џоли и нејзиниот татко, зборувајќи за предизвиците во животот на славните личности.
Раде Шербеџија деновиве ќе го прослави својот 80-ти роденден, а како што неодамна откри во интервју за „Стори“, ова лето, во рамките на 26-тата сезона на театарот „Улис“, последен пат ќе ја игра насловната улога во претставата „Крал Лир“. Со оваа претстава овој театар ја започна својата работа во 2001 година.

Освен што е актер, Раде е и режисер, поет и музичар. Концертите му се хоби, а игра само во претстави во режија на неговата сопруга Ленка Удовиќ. Шербеџија моментално снима во Манчестер, а во 2024 година сними серија во Америка и филм во Бугарија, со таткото на Анџелина Џоли.
„Работев со Џон Војт, таткото на Анџелина. Интересен актер и човек. Одлично“, го пофалил тој својот холивудски колега. Претходно, тој соработуваше и со неговата ќерка Анџелина кога таа работеше на нејзиното режисерско деби, воена драма наречена „Во земјата на крвта и медот“. Раде изјавил дека начинот на живот на Анџелина, алудирајќи на Холивуд и славата, е сè што не му се допаѓа.
„Воопшто не ѝ завидувам. Тоа е ужасен живот, без вистински мир“, изјавил еднаш Шербеџија за Анџелина.

Инаку, Анџелина и нејзиниот татко имаат бурно минато зад себе и не разговарале со години. Тие се оддалечиле кога Џоли откри дека нејзиниот татко ја изневерува нејзината мајка, актерката Маршелин Бертран, а ситуацијата дополнително се влошила по нивниот развод. Таа повторно се зближи со својот татко во 2016 година, кога раскина со Бред Пит.





