Кејн не сака изговори: Тоа нема да биде фактор…

Дерби

08/06/2026

12:24

243

Големина на фонт

а а а

Хари Кејн имаше извонредна клупска сезона со Баерн Минхен и сега желбата е таа форма да ја префрли во репрентацијата со која ќе настапи на Светското првенство.

Англија е во група со Хрватска, Гана и Панама што значи има добра почетна позиција да заврши како лидер во групата Л и со тоа најави атак на титулата.

Нема да биде лесна таа мисија, ќе биде тешко, незгодно, веќе се поставувата прашања за состојбата на терените, а тука е и жестината, топлото време, меѓутоа Кејн не сака изговори.

- Да бидам искрен, не мислам дека жештината беше премногу лоша. Очигледно, се навикнуваме на тоа на тренинзите. По првите неколку дена, чувствував дека повеќето момци се навикнати. Денес всушност не се чувствувавме ужасно таму, па мислам дека има тема за разговор за која можеби ќе се претерува, да бидам искрен.

- Сите сме професионални спортисти. Сите направивме правилни подготовки за да се подготвиме за овој турнир, ние и стручниот штаб. Имаме уште 10 дена или нешто повеќе до тој прв натпревар, тренирајќи во оваа средина, па мислам дека кога ќе дојде турнирот, тоа нема да биде фактор, - порача капитенот.