Италијанскиот фудбал има доста проблеми и тоа веќе почнува да го чувствува националниот тим кој трет пат во низа нема да биде дел од најголемиот фудбалски настан-Светското првенство.
Меѓутоа Италија е фудбалска земја и сигурно ќе пронајде начин да се врати на вистинските патеки, а дека не е се така црно најдобро докажува Пио Еспозито.
„Аѕурите“ во изминативе неколку дена одиграа две пријателски средби против Луксембург и Грција, двете ги добија со по 1-0 и тоа со головите кои ги постигна членот на Интер. Со ова напаѓачот дојде до бројка од пет погодоци на девет средби во сениорската репрезентација, односно само славниот Џузепе Меаца успеал да даде повеќе погодоци за сениорите пред да го прослави 21 роденден.
- Задоволен сум од мојот гол и оваа цел, но тоа не ми беше на ум пред натпреварот. Најмногу сум среќен за победата; ова е толку одлична група. Не ги третиравме овие два натпревари како пријателски; сакавме да ги добиеме, -вели напаѓачот кој во месец март беше еден од играчите кој промаши пенал во серијата со БиХ.
- Секогаш давам сѐ од себе кога го носам овој дрес. Може да се случи да промашам пенал, но морам да гледам напред и среќен сум што овие два натпревари поминаа добро. Се надевам дека ќе продолжам вака, - заклучи тој.







