Вембањама подготвен да одговори: Јас сум создаден за ова…

Дерби

08/06/2026

11:41

250

Големина на фонт

а а а

Сан Антонио Спарс не успеа да го одбрани домашниот терен на првите два натпревари од финалната серија со Њујорк Никс и со тоа се стави во исклучително тешка ситуација во обидот да дојде до пехарот во НБА лигата.

Сега серијата се сели во „Медисон Сквер Гарден“ каде Њујорк ќе има огромна поддршка, а меѓу нив ќе биде и претседателот на САД, Доналд Трамп кој ќе биде присутен на третиот натпревар.

Сепак ова не го допира премногу Виктор Вембањама кој порача дека е максимално фокусиран.

- Не баш. Мислам дека би можело да биде. Самоизолирањето е нешто што го практикувам со години и мислам дека сум добар во тоа, па затоа не е проблем, - вели Французинот кој беше трагичар во вториот меч, имаше доста критики на негова адреса, ама останува мирен, спокоен и покрај притисокот.

- Како да се справиме со тоа? Мислам дека клучот е прифаќањето. Многу пати, и правење чекор назад, сфаќање на патувањето што е зад нас и што е пред нас, и едноставно да бидам во ред со тоа кој сум, каде сум, што правам. Ова е сè што посакувам, па нема причина навистина премногу да размислувам за тоа.

- Мислам, јас сум создаден за ова, - заклучи првата ѕвезда на Спарси.