Дешамп соопшти добри вести за француската репрезентација пред последниот тест за СП

Дерби

08/06/2026

11:39

186

Големина на фонт

а а а

Франција ја очекува соочување со Сенегал, Ирак и Норвешка во групната фаза на Светското првенство, но пред тие предизвици заажани за 16, 22 и 26 јуни популарните „галски петли“ ќе имаат уште еден тест натпревар и тоа со Северна Ирска.

Тоа е меч закажан за вечерва од 21 часот, а селекторот Дидие Дешамп ја израдува јавноста со информацијата дека сите играчи се подготвени и спремни за настап, односно дека веќе се е во ред и со дефанзивецот Вилијам Салиба и Усман Дембеле.

- Сите 26 играчи ќе бидат достапни за натпреварот. За него се грижи медицинскиот персонал, а ние го водиме и врз основа на тоа како се чувствува. Но, тоа е нешто што го има веќе неколку недели и тоа не го спречи да игра на секој натпревар со Арсенал, вклучително и во финалето [од Лигата на шампионите] 120 минути, - истакна Дидие кој потоа говорел и за Дембеле.

- Да, како и другите играчи. Усман е еден од играчите, како Дезире (Дуе), кој не играше по финалето. Сметав дека е важно тој да се опорави, - порачал селекторот.

„Триколорите“ загубија на претходниот меч со Брегот на Слоновата Коска, добија доста критики и останува да се види каква ќе биде нивната реакција против Северна Ирска.