Флорентино го потврди Мурињо, но и првото летно засилување кое го има осигурано

Дерби

04/06/2026

12:02

288

Големина на фонт

а а а

Претседателската кампања во шпанската престолнина влезе во завршна фаза и двајцата кандидати Флорентино Перез и Енрике Рикелме почнаа да ги откриваат своите адути, а ако помладиот бизнисмен се одлучи да издвои две големи ѕвезди на Манчестер Сити како потенцијални засилувања за првиот тим, долгогодишниот функционер на „кралевите“ посочи дека две работи му се веќе завршени.

Во ексклузивното интервју за „АС“, Перез уште еднаш потврди дека Жозе Мурињо ќе биде лидер на новиот проект и дека ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ за втора тренерска етапа во тимот, но исто така, го потврди и првото договорено летно засилување.

Како човек кој важи за фаворит на изборите, Перез е убеден дека ќе стигне до убедлива победа и дека ќе добие нов мандат на „Бернабеу“, а неговата мала реконструкција во тимот ќе започне со ангажман на Ибрахима Конате, фудбалер кој ќе пристигне како слободен агент по разделбата со Ливерпул.

– Најдобрите играчи во светот ќе играат за Реал Мадрид. Ако јас ја добијам довербата какошто очекувам, Конате ќе биде моето прво засилување и ќе заигра за Реал Мадрид.

– Тој нема да биде единственото звучно име кое ќе пристигне во Реал Мадрид. Ако останам на чело на клубот, најдобрите играчи повторно ќе доаѓаат во Реал Мадрид, -нагласи Перез.