[ВИДЕО] Ким Џонг-Ун ги угостил севернокорејските фудбалерки по освојувањето на Лигата на шампионите: Погледнете како славеле

Точка

03/06/2026

19:49

1.397

Големина на фонт

а а а

Женската фудбалска екипа Наегохјанг ФК испиша историја и стана првиот тим од Северна Кореја што се искачил на врвот на Азија и ја освоил женската АФЦ Лига на шампиони.

Севернокорејскиот клуб во финалето го победил јапонскиот Токио Верди Белеза со 1:0.

По повод овој незапаметен успех, за фудбалерките и стручниот штаб бил организиран свечен пречек на теренот, каде што лично ги поздравил и им честитал врховниот лидер на државата, Ким Џонг-Ун.


Снимките што ги објавија државните медиуми прикажуваат исклучително емотивни сцени. Додека Ким минувал покрај шампионскиот тим и се ракувал со секоја фудбалерка поединечно, многумина од нив не можеле да ги задржат солзите радосници и возбудата.

Со длабоки поклони, громогласен аплауз и гордо покажување на победничкиот пехар, фудбалерките воодушевено скокале околу Ким, а снимката многу брзо станала вирална.

Овој триумф претставува историски исчекор за клупскиот фудбал во Северна Кореја, а присуството на самиот државен врв на пречекот јасно покажува колкаво значење земјата им придава на успесите на меѓународната спортска сцена.