Столе Димитриевски беше играч број еден на Валенсија во вториот дел од сезоната и со своите неверојатни партии ги освои симпатиите на „Месталја“, па токму поради тоа, голем дел од фановите правеа и притисок да се продолжи договорот на македонскиот чувар на мрежата.
Иако имаше понуди на маса и од други клубови, Валенсија имаше ексклузивно право сама да решава за иднината на македонскиот репрезентативец, кој сега и дефинитивно останува на „Месталја“.
Валенсија како клуб информираше дека ја активира клаузулата за автоматско продолжување на договорот, што значи дека Столе ќе остане во истиот тим уште две години.
Според најавите кои претходно пристигнаа од шпанските медиуми, Димитриевски со продолжување на договорот ќе добие бонус од 500 илјади евра, а треба да има и подобрување на финансиски план во преостанатите две години од договорот до 2028-ма.
– Валенсија ја искористи опцијата за продолжување на договорот за Столе Димитриевски за уште две сезони, што значи дека голманот на Македонија ќе остане поврзан со клубот до јуни 2028 година. Откако се приклучи во 2024 година, Димитриевски (Куманово, 25.12.1993) одигра вкупно 33 официјални натпревари носејќи го дресот на Валенсија во Ла Лига и Кралскиот Куп.
– Неговото искуство и цврстина меѓу стативите придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и подобрените резултати во втората половина од минатата сезона. На пет натпревари не прими гол и на сите пет меча беше забележана победа (Хетафе, Леванте, Осасуна, Севиља и Атлетик Клуб). Со ова продолжување на договорот, Валенсија го обезбедува континуитетот на 32-годишниот голман, кој, по завршувањето на Ла Лига, одигра два пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција со својата репрезентација и кој ќе се врати на тренизните во клубот по заслужениот одмор кој го има, – објавија „лилјаците“.
COMUNICADO OFICIAL | @Dimitrievski1#Dimitrievski2028#ADNVCF
— Valencia CF (@valenciacf) June 4, 2026











