Јунајтед официјално се откажа од играчот за кој плати 85 милиони евра: Го продаде за двојно помалку

Дерби

03/06/2026

13:58

776

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед плати вртоглави 85 милиони евра за Расмус Хојлунд во 2023-та година, но откако Данецот не ги оправда очекувањата во првите две сезони, „црвените ѓаволи“ го испратија на заем во Наполи.

Италијанскиот клуб имаше право на откуп после воведната позајмица која чинеше 6 милиони евра, па иако клубот од Неапол во прв момент се обиде да ја намали откупната сума од Јунајтед, Манчестер на крајот го доби тоа што беше запишано во почетниот договор.

Наполи реши да ја активира откупната клаузула за напаѓачот кој постигна 16 голови изминатава сезона, и тоа за сума која е двојно помала од онаа што ја плати Јунајтед на Аталанта.

Манчестер реши да се ослободи од Хојлунд и не му даде втора шанса за докажување, а за неговото заминување сега ќе инкасира околу 44 милиони евра.

– Расмус Хојлунд се приклучува на Наполи во перманентен трансфер. Сите во клубот сакаат да му посакаат на Расмус се најдобро во иднина, – гласи краткото соопштение на Јунајтед.