Влаховиќ донесе конечна одлука за својата иднина и ги налути фановите на Јувентус

Дерби

03/06/2026

14:23

624

Големина на фонт

а а а

Преговорите меѓу Јувентус и Душан Влаховиќ дошле до „мртва точка“ ова утро, па двете страни одлучиле дека на истите им се става крај и се затвора една сага која трае повеќе од една година.

Влаховиќ беше пред заминување од Јувентус минатото лето и остана во клубот поради тоа што не донесе ниту една вистинска понуда, но откако се доби впечаток дека е подготвен да остане во Торино, неговите финансиски барања очигледно биле превисоки за Јувентус.

Денешните преговори во клупската база завршиле неуспешно, а веднаш после 12 часот попладне почнаа да излегуваат вести дека двете страни се разделуваат.

Оваа информација прв ја пренесе познатиот новинар кој е специјализиран за случувањата во Торино, Ромео Агрести, а неговата вест ја потврди и „Скај“.

Влаховиќ ќе си замине од Јувентус по крајот на договорот кој истекува на 30-ти јуни, што значи дека во наредниот период ќе може да преговара со било кој клуб како слободен агент.

Реално гледано, Влаховиќ во ниту еден момент не ги оправда големите средства кои ги вложи Јувентус за него пред четири и пол години, па голем дел од фановите на клубот се огорчени од фактот што Србинот не ја прифатил последната понуда која клубот денеска му ја понуди на маса.