Натрапник го прекина НБА финалето, Вембањаја остана збунет: Не знаев како да реагирам

Дерби

04/06/2026

11:59

204

Големина на фонт

а а а

Њујорк направи пресврт во второто полувреме и се избори за стартна победа во НБА финалето, но во моментите кога почнуваше да се дистанцира на семафорот, следеше и мал прекин.

Финалето во Тексас беше прекинато од страна на натрапник кој влета на теренот, односно од фан на Сан Антонио кој сакаше да направи селфи со главната ѕвезда.

Млад фан на Спарси влезе на теренот и единстена цел му беше одблиску да се фотографира со францускиот „вонземјанин“, кој исто како и многумина на теренот, остана збунет од ситуацијата.

– Никогаш не сум бил во таква ситуација, навистина не знаев како да реагирам и како да се однесува. Бев изненаден исто како денот кога се бркаше лилјак во салата пред две години, – изјави Вембањама, потсетувајќи се на една ситуација од меч со Минесота во 2024-та година.

Фанот на Спарси успеа да си ја оствари целта и направи селфи со Вемби, но многу брзо пристигна обезбедувањето и тој беше отстранет од теренот.