Телетовиќ со срцепарателна порака се обрати во чест на Един Авдиќ: Да не беше твоето „Од паркинг“…

Дерби

04/06/2026

11:09

234

Големина на фонт

а а а

Прераната и ненадејна смрт на Един Авдиќ ја зави во црно цела спортска јавност во регионот, а во низата сочувства кои беа испратени до најблиското семејство, за издвојување е пораката на легендарниот Мирза Телетовиќ.

Неповторливиот спортски новинар и коментатор ќе остане запаметен по низа фрази и реченици кои ја одбележаа неговата кариера, но дефинитивно најлегендарен е токму коментарот кој го даде за Телетовиќ на натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Литванија на Европското првенство во 2013-та година.

Емотивните пораки на големи кошаркарски имиња само потврдуваат за каква човечка величина стануваше збор, но дефинитивно најемотивно е обраќањето на Мирза, кој инаку беше и негов личен пријател.

– Пријателе и брате мој…… Не можам да поверувам дека повеќе не си со нас. Пред два дена разговаравме, си честитавме Бајрам еден на друг. Ти си важен дел од мојата кариера, да не беше твојата позната реплика „С паркинга“, можеби немаше да бидам тука каде што сум.

– Што е уште поважно, јас и моето семејство те гледавме како најскана. Остави празнина во нашите срца и неизбрилшив белег во нашите животи. Те сакам брате. Нека почива во мир твојата прекрасна душа. Твој Мирза, – гласи емотивното обраќање на Телетовиќ.

Един почина на 47-годишна возраст во својот стан во Белград, а првичните информации велат дека причина за смртта бил срцев удар.